Општинското основно музичко училиште ,,Владимир Арсовски,, се наоѓа во општина Неготино, во централното градско подрачје, на регионалниот пат што води кон Кавадарци.
Училиштето низа години претставува синоним за успешна работа и расадник на музички таленти во нашата држава и пошироко. Постои од 1979 година и сите овие години генерира голем број на успешни музичари, кои првите чекори ги направиле токму во ова училиште. Голем дел од нив се професионални академски музичари кои придонесуваат за развој и промоција на музичката уметност в македонија и пошироко, но голем е бројот на тие што се љубители на музиката, кои аматерски се занимаваат со музика.
Токму од тоа и произлегува целта на постоењето на училиштето која е да ги поттикнува, развива и негува музичките и творечките способности на учениците за активно занимавање со музиката, создавање на професионални музичари и аматери- љубители на музичката уметност, восприемање, доживување, вреднување и разбирање на пораките од музичките дела. Основното музичко образование е организирана дејност која создава услови за ширење на музичката култура и ги оспособува учениците активно да се вклучат во творештвото на музичката уметност.
Мисија и визија
Мисијата на нашето училиште е поттикнување на креативноста на учениците преку активно дружење со музиката, нивна самостојност во работата со ноти и инструменти, развивање на способноста за тимска работа. Училиштето е отворено за различни форми за унапредување на наставата, следејќи ги и применувајќи ги модерните текови во музичката педагогија, внесувајќи нови активни методи, средства и технологии и континуирано соработувајќи со институциите, родителите и останатите соработници. Училиштето посветува големо внимание на толеранцијата меѓу етничките припадности преку взаемно почитување на културните и други вредности
Мото:
Музиката го кажува тоа, што зборовите неможат
Визијата на нашето училиште е непрекинат развој во областа на музичката педагогија, создавање уште подобри услови за работа на училиштето, откривање и унапредување на музички таленти, развивање на музичкиот и културен живот во градот, развивање на меѓуетничката интеграција преку различни активности.
Наставен кадар:
- пијано – Емилија Кабранова – Филипова, Илија Јованов
- виолина – Менка Богоевска
- саксофон – Диме Илиев
- солфеж и теорија – Лина Димова, Никола Дафов