All for Joomla All for Webmasters
+389 (043) 361 219
f3a78170b7f1206374752a28db9d38e5.jpg

Активности и достигнувања

 ЈАВНА  И  КУЛТУРНА  ДЕЈНОСТ   НА  УЧИЛИШТЕТО

Бидејќи јавната и културната дејност  е огледало на секое музичко училиште, ќе дадеме осврт  на дел од јавните настапи кои се одржани во текот на учебната 2015/2016 год.
Во оваа учебна година се одржаа  јавни часови на кои зедоа учество сите ученици од музичкото училиште и повеќе концерти и тоа: Новогодишен концерт, Годишен концерт, 07.06.2015 и концерти на учениците кои учествуваа на натпреварите.
На Новогодишниот концерт кој се одржа на 29.12.2015г. зедоа учество училишниот хор и виолинскиот оркестар.
Оваа учебна година бевме многу присутни на многу настани и збиднувања во нашиот град; Поетско читање во Црвен крст (27.09.2015), Божиќен концерт пред штитениците во Дом за стари лица „Жана (25.12.2015), Меѓународен ден на мајчиниот јазик (22.02.2016) кој се одржа во домот на културата, Поетско читање во соработка со домот на културата „Ацо Ѓорчев“ кое се одржа во манастирот „Св.Ѓорѓи“ (23.04.2016), претставување на нашите ученици пред нашата најмлада публика – градинката, а наши потенцијални ученици...
И оваа учебна година ученици од ООМУ “Владимир Арсовски”-Неготино зедоа учество на повеќето натпревари по музика во нашата држава, а и надвор од неа преку кои успешно го претставија нашето училиште а и нашиот град.

Во деновите 18-19 ноември 2015 год. се одржа меѓународен натпревар по камерна музика  „КМК“ на кој учествуваа:
1.    Иван Тимова и Христина Ангелова - I - награда
2.    Ана Марија Лостова и Трајче Станков – II – награда
3.    Бојана Ристова и Барбара Вељкова – II-награда
4.    Цветанка Пасинечка и Бранкица Апостолова – II-награда

Во Охрид 28.11.2015 се одржа музички фестивал под наслов “ОХРИД ТЕ САКАМ”, на кој учествуваа учениците:
1.    Ана Марија Лостова и Трајче Станков – II – награда
2.    Бојана Ристова и Барбара Вељкова – II -награда

Во Скопје на 18.03.2016 се одржа меѓународен натпревар по камерна музика „Полихимниа“ на кој земаа учество:
1.    Бојана Ристова и Барбара Вељкова – I –награда
2.    Цветанка Пасинечка и Бранкица Апостолова – III -награда

Веднаш потоа заминавме на меѓународен натпревар во Аранѓеловац – Србија кој се одржа на 19 и 20.03.2016 год. каде нашите ученици ги освоија следните награди:
1.     Барбара Вељкова – I –награда
2.     Бојана Ристова – III –награда

Во месец  април се одржа “Државен натпревар на млади музичари 2016”, кој е единствен натпревар во нашата држава за сите категории (предмети) во музичките училишта, одобрен од МОН.
По освоените први и втори места на Општинскиот натпревар, на Регионалниот натпревар кој се одржа во Штип на 04.04.2016 месец учествуваа:

1.    Оливер Станков  (пијано)  I – награда
2.    Амелија Методиева (пијано)  I – награда
3.    Ристе Пенков (пијано) II - награда
4.    Трајче  Станков (пијано)  I – награда
5.    Барбара Вељкова (пијано)  - I – награда
6.     Кристина Николова (солфеж)  II – награда
7.    Пасинечка Цветанка  (виолина) I-награда
8.    Бојана Ристова (виолина) II-награда
9.    Леа Апостолова (виолина трето одд) II-награда
10.    Христина Ангелова  (виолина второ одд) II-награда
11.    Ана Марија Лостова  (виолина) III-награда
12.    Ивана Тимова (виолина ) - II-награда
13.    Ана Димова (виолина) - I – награда
14.    Ерсин Абдулов (виолина) -III--награда
15.    Сара Николова  (виолина) -III-награда
16.    Јован Андов (виолина) -III-награда


 На 13-15 мај на Државно ниво во Скопје, се натпреваруваа:

1.    Оливер Станков  (пијано)  I – награда
2.    Амелија Методиева (пијано)  I – награда
3.    Ристе Пенков (пијано) III - награда
4.    Трајче  Станков (пијано)  II – награда
5.    Барбара Вељкова (пијано)  - I – награда
6.     Кристина Николова (солфеж)  пофалница
7.    Пасинечка Цветанка  (виолина) пофалница
8.    Бојана Ристова (виолина) III-награда
9.    Леа Апостолова (виолина ) III-награда
10.    Христина Ангелова  (виолина) III-награда
11.    Ивана Тимова (виолина) - III-награда
12.    Ана Димова (виолина) - III – награда

Во деновите 14 - 15 јуни, се одржа “Меѓународниот натпревар на млади пијанисти”, што се одржа во Гевгелија на кој учествуваа:

1.    Оливер Станков – II – награда
2.    Амелија Методиева – I – награда
3.    Ристе Пенков – II - награда
4.    Трајче  Станков – I – награда
5.    Барбара Вељкова - I – награда

Од 20-25.06.2015 се одржа и Меѓународниот арт-фестивал “Дојрана” на кој учествуваа:
1.    Оливер Станков (пијано) – II – награда
2.    Амелија Методиева  (пијано) – I – награда
3.    Ристе Пенков (пијано) – II - награда
4.    Трајче  Станков (пијано) – I – награда
5.    Барбара Вељкова(пијано)  - I – награда
6.    Пасинечка Цветанка  (виолина) -I-награда
7.    Бојана Ристова (виолина)- II-награда
8.    Леа Апостолова (виолина трето одд) -III -награда
9.    Христина Ангелова  (виолина второ одд) -II-награда
10.    Ана Марија Лостова  (виолина)- II-награда
11.    Ивана Тимова (виолина ) - I-награда
12.    Ана Димова (виолина) - I – награда
13.    Јован Андов (виолина) -II-награда